Опис
Заборавете на митесерите и флеките кои Ве мачат и ја кријат Вашата убавина! Со Geske Шпатулата за пилинг на лице и вадење на митесери со микроструја 9 во 1 за неколку минути порите на Вашето лице ќе бидат длабински исчистени од сите нечистотии. Овој револуционерен апарат нуди најефикасна рутина за Вашето лице користејќи ги придобивките на микрострујата и соничната технологија и стимулира преку 65 мускули на лицето и вратот. Благодарение на тоа Вашето лице е длабински исчистено, тонизирано, со подобрени контури и подмладено и сето тоа за околу 5 минути.
Geske Шпатулата за пилинг на лице и вадење на митесери со микроструја 9 во 1 е наградена со многу светски престижни награди, меѓу кои престижната награда ELLE No.1 Beauty Innovation.
Благодарение на Geske Шпатулата за пилинг на лице и вадење на митесери со микроструја 9 во 1 можете да уживате во професионален дерматолошки третман во удобноста на Вашиот дом и за кратко време ќе постигнете блескави резултати. Сите нечистотии и маснотии кои се натрупани во Вашите пори како со магнет ќе бидат длабински извлечени и исчистени, а Вашето лице ќе биде совршено чисто и со изедначен тен.
Geske Шпатулата за пилинг на лице и вадење на митесери со микроструја 9 во 1 ги штеди Вашето време и пари и е Вашата најдобра инвестиција за совршена и луксузна нега на Вашето лице. Таа е целосно решение за здрава кожа и ги комбинира најновите светски технологии со кои Вие ја скратувате рутината и вложените напори за негување на кожата.
Geske Шпатулата за пилинг на лице и вадење на митесери со микроструја 9 во 1 е направена за:
- Остранување на сувите и мртви клетки од кожата на Вашето лице
- За забрзување на микроциркулацијата на кожата на Вашето лице
- За стимулирање на создавање на колаген и еластин и затегнување и зацврстување на кожата на Вашето лице
- За подмладен и здрав изглед на кожата на Вашето лице
- За засилување на Вашата Anti-age дневна рутина
- Одговара на сите типови на кожа
Придобивки од Geske Шпатулата за пилинг на лице и вадење на митесери со микроструја 9 во 1:
- Универзално луксузно решение за најдоброто спа искуство каде и да посакате (дома, на работа, на патување, во авион).
- Специјално дизајнирана и намената да ги задоволи сите потреби на Вашата кожа
- Со ергономски дизајн за лесна употреба
- 12 различни третмани со загревање или ладење на кожата за постигнување на најдобрите можни резултати.
GESKE Шпатулата за пилинг на лице и вадење на митесери со микроструја 9 во 1 има интегрирано 9 патентирани различни функции:
- Pore-Opening Deep Warming Technology – со помош на загревачкиот негувачки ефект од оваа технологија употребата на Вашите омилени козметички производи ќе биде побрза, подлабинска и поефикасна. Загревачката термотерапија длабински ги отвара и најзапушените пори и овозможува длабинска апсорпција на активните компоненти од козметичките производи Во Вашата кожа.
- MicroCurrent Face-Lift Technology – благодарение на нежната микроструја која е безбедна за употреба се стимулираат преку 65 мускули на лицето и вратот и се бришат трагите кои времето ги остава на Вашето лице
- ION+ Ultra Hygienic Deep Cleansing – позитивно наелектризираните јони ја подготвуваат кожата да ги апсорбира активните состојки од козметичките производи за Вашата кожа да добие здрав и блескав изглед.
- Red Light Active Regeneration Technology – благодарение на ефектот од фототерапијата, црвената светлина продира и во најдолните слоеви на епидермисот и стимулира ултра длабинска регенерација на ниво на клетка.
- ION – Deep Nurturing Technology – негативно наелектризираните јони на магичен начин, како магнет ги привлекуваат и ги извлекуваат сите нечистотии (дури и оние кои не можете да ги видите со голо око) длабински од порите и ги остава совршено чисти.
- Smart Sonic Pulsation Technology – нежно и длабински ја чисти кожата и и помага во исфрлањето на мртвите клетки и нечистотии.
- Skin Scan & Personal Routine Guide – благодарение на апликацијата која ги користи придобивките од AI технологијата, можете за миг да ја скенирате Вашата кожа и да ја добиете најдобрата персонализирана дневна рутина, која во целост одговара со потребите на Вашата кожа.
- Youthful Glow Massage Technology – Масажа со тројно дејство: ја подига, затегнува и тонизира Вашата кожата.
- Dry and Dead Cell Removing Technology – со помош на оваа технологија се продира длабински во клетките на кожата и се отстрануваат мртвите клетки и сувите делови на кожата, по што кожата е мека и мазна.
За постигнување на најдобри резултати, употребувајте ја GESKE Шпатулата за пилинг на лице и вадење на митесери со микроструја 9 во 1 во комбинација со Geske хидратантниот гел за третман со микроструја кој совршено ја хидратира и подготвува Вашата кожа за третманот со микроструја и персонализираната апликација SmartAppGuided на Geske во која покрај Вашата дневна персонализирана рутина имате и многу едукативни видеа создадени од најдобрите експерти за нега на кожа за полесна употреба на производот.
Спецификации на GESKE Шпатулата за пилинг на лице и вадење на митесери со микроструја 9 во 1:
- Литиумска батерија Li-Ion 3.7V
- Водоотпорна IPX7
- Материјал ABS, силикон, нерѓосувачки челик, бакар.
Внимание: GESKE Шпатулата за пилинг на лице и вадење на митесери со микроструја 9 во 1 се препорачува да се употребува 1 – 2 пати неделно. Не се препорачува да го употребуваат бремени жени и луѓе со вграден пејсмејкер.
Критики
Нема критики сеуште.