Опис
Бокалот има уникатен филтрирачки елемент со сложен систем за филтрирање на вода кој се состои од неколку етапи:
• Претходна механичка филтрација;
• Полиамидна мрежа – за чистење од фини честици, бигор, масла;
• Регуларно чистење: специјално одбрани високоактивни компненти врз основа на јоноизменувачки смоли и активен јаглен, обработен со сребрени јони, ефикасно ги отстрануваат хемиските нечистотии. Активниот јаглен има природно потекло и се добива со контролирано горење на специјално дрво. Благодарение на силно развиената внатрешна површина, активниот јаглен ефикасно задржува голема количина на штетни материи и нечистотии од водата- хлор, тешки метали, органски соединенија, поливинилхлорид и многу други. Активниот јаглен е обработен со бактерицидно сребро коешто не дозволува развивање на патогени микроорганизми во веќе обработената вода. Јоноизменувачката смола ја редуцира тврдоста на водата и јоните на тешките и радиоактивни метали (олово, кадмиум, никел, жива и др.). Го спречува создавањето на бигор, ја намалува нејзината тврдост и ја прави водата питка.
• Финална филтрација – повторно механичко прочистување коешто ги задржува фините честици од филтрирачките компонентии и гарантира чиста, свежа и вкусна вода.
Бокалот Dafi поседува низа меѓународни сертификати и награди кои се доказ за неговиот врвен квалитет.
Волумен на бокалот: 1,5 l
Капацитет на променливиот филтер: за филтрирање до 200 l вода.
Материјал: Медицинска пластика.
Начин на употреба: Убаво измијте ги посебните елементи на бокалот. Ставете го променливиот филтер. Задолжително истурете ги првите две води прочистена вода. Во првите филтрирани литри вода можно е да се појави количество на јагленов прав. Може да се мие во машина за миење садови.
Критики
Нема критики сеуште.