Опис
Разгaлете ја Вашата кожа со најлуксузните и иновативни производи за нега од GESKE.
Паметните телефони, лаптопите и телевизиските екрани се дел од секојдневието на сите нас. Прекумерното време поминато пред екраните може да го оштети нашиот вид. Но, покрај видот, дали знаете дека сината светлина која ја емитуваат екраните, може да предизвика предвремено стареење на кожата? Сината светлина која ја емитуваат екраните продира во најдлабоките слоеви на кожата и предизвикува оштетување на клетките, со што се суши кожата, се забрзува процесот на создавањето на брчки и депигментациски флеки.
Geske Серумот за заштита од сина светлина е создаден специјално за да се спротивстави на негативните ефекти од сината светлина која ја емитуваат екраните и да ја заштити Вашата кожа од зрачење. Geske Серумот за заштита од сина светлина е создаден длабински да ја хидратира и заштити кожата, со што таа ќе изгледа здраво, негувано и со младешки сјај.
Со својата лесна и свиленкаста текстура, Geske Серумот за заштита од сина светлина брзо се апсорбира во кожата. Има нежен и деликатен мирис, кој ги смирува сите Ваши сетила. Внимателно одбраните активни компоненти во Geske Серумот за заштита од сина светлина имаат синергиско дејство и совршено ја заштитуваат кожата од штетното дејство на сината светлина. Малахитот делува како моќен антиоксидант и ја штити Вашата кожа од штетните надворешни влијанија. Женшенот е моќен антиоксидант и има противвоспалително дејство. Geske Серумот за заштита од сина светлина содржи и келп алги (laminaria digitata), која ја штити Вашата кожа од штетните надворешни фактори.
Geske Серумот за заштита од сина светлина совршено ја заштитува Вашата кожа од сината светлина, ја негува длабински и го враќа сјајот и здравиот и младешки изглед.
Активните состојки во Geske за заштита од сина светлина имаат синергиско дејство за максимално да ја заштитат кожата и да ја одржат свежа, хидратирана и затегната:
- Малахит – антиоксидант кој ја штити Вашата кожа од штетни надворешни влијанија
- Женшен – антиоксидант со моќно антивоспалително дејство. Ја смирува и заштитува кожата
- Келп алги – ја штитат Вашата кожа од штетното дејство на надворешните фактори
Начин на употреба: за постигнување на најдобри резултати се препорачува серумот да се користи два пати дневно,. Наутро и навечер нанесете од Geske Серумот за заштита од сина светлина на добро исчистена кожа на лицето. Наутро по нанесување на серумот Ви препорачуваме и дневен крем со заштитен фактор кој дополнително ја заштитува Вашата кожа од оштетувањето предизвикано од UV зраците. За подобро и подлабинско нанесување на серумот, аплицирајте го со некој од соодветните апарати на GESKE.
Совет за убавина: За да го извлечете максимумот од производот, симнете ја апликацијата на GESKE German Beauty Tech која ги користи придобивките на AI технологијата , и преку неа веднаш можете да ја скенирате Вашата кожа. Добиените резултати ќе можете да ги искористите за да генерирате персонализирана рутина за нега на Вашата кожа. Оваа апликација можете да ја користите и за да гледате разни видеа посветени на апарати за убавина на GESKE со совети од голем број експерти од областа на убавината и козметологијата. Дознајте повеќе за мобилната апликација GESKE® SmartAppGuided™ на следниот линк.
Пакување: 30 ml
Критики
Нема критики сеуште.