Опис
Професионалните дерматолошки третмани се недостижни за многумина. Причините секогаш се различни – недостаток на време, пари и сл. Целта и мисијата на германската компанија Geske е да создаде производи со ергономски дизајн и со употреба на најнапредните технологии поддржани од науката достапни за секого со кои ќе го вратите совршенството со кое сте родени.
Geske Ролер за лице со микроиглички 9 во 1 ги штеди Вашето време и пари и е Вашата најдобра инвестиција за совршена и луксузна нега на Вашето лице.
Со помош на Geske Ролер за лице со микроиглички 9 во 1 неверојатните резултати буквално Ви се на дофат на раката. Во само неколку чекори и за само неколку минути Вие ќе забележите видлива разлика и ќе постигнете:
- тонизирано и затегнато лице
- регенерирана кожа со здрав и блескав изглед
Geske Ролер за лице со микроиглички 9 во 1 претставува комплетно решение за подмладување на Вашата кожа благодарение на патентираните напредни технологии кои ги користи овој апарат. Со текот на годините создавањето на колаген во нашето тело се намалува и како последица на тоа се појавуваат и првите фини линии и брчки на Вашето лице. Со Geske Ролерот за лице со микроиглички 9 во 1 на природен начин се стимулираат најдолните слоеви на епидермисот и се потикнува регенерацијата на кожата и создавањето на колаген. Доаѓа во пакување со 3 различни додатоци со различни намени и придобивки:
- Додаток со крио технологија – кој за миг ќе ја разлади Вашата кожа и ќе ги избрише трагите од замор, отоците и подочниците од Вашето лице.
- Додаток со розев кварц – ја осветлува кожата преку стимулирање микроциркулацијата на клетките на кожата и нивно подобрено снабдување со кислород и хранливи материи.
- Додаток со микроиглички – овозможува длабинско продирање на активните состојки на козметичките производи, регенерација на кожата и бришење на флеките и лузните од лицето.
Geske Ролерот за лице со микроиглички 9 во 1 е создаден за:
- за сјајна и здрава кожа
- затегнување, лифтинг и тонизирање на кожата на Вашето лице
- за негувачка anti-age масажа на Вашето лице
- одговара на сите типови на кожа
Придобивките од Geske Ролерот за лице со микроиглички 9 во 1 се:
- видливо намалени подочници и темни кругови околу очите
- видливо подобрена текстура на кожата
- измазнување и бришење на фините линии и ситните бори
- длабинска апсорпција на активните состојки од козметичките производи
- стимулирање на создавањето на колаген во кожата
- 12 различни третмани со загревање или ладење на кожата за постигнување на најдобрите можни резултати.
- Универзално луксузно решение за најдоброто спа искуство каде и да посакате (дома, на работа, на патување, во авион).
- Специјално дизајниран и наменат да ги задоволи сите потреби на Вашата кожа
- Со ергономски дизајн за лесна употреба
Geske Ролерот за лице со микроиглички 9 во 1 има 9 патентирани технологии:
- Energizing Cooling Technology – благодарение на крио ефектот ја разладува кожата на Вашето лице, ги стеснува порите и за миг ги намалува отоците, подочниците и ги брише трагите од замор на Вашето лице. За миг Вашата кожа делува одморено и здраво.
- Smart Sonic Pulsation Technology – со 14 000 нежни пулсации во минута, нежно и длабински ја чисти кожата и помага во исфрлањето на мртвите клетки и нечистотии.
- Skin Scan & Personal Routine Guide – благодарение на апликацијата која ги користи придобивките од AI технологијата, можете за миг да ја скенирате Вашата кожа и да ја добиете најдобрата персонализирана дневна рутина, која во целост одговара со потребите на Вашата кожа.
- Red Light Active Regeneration Technology – благодарение на ефектот од фототерапијата, црвената светлина продира и во најдолните слоеви на епидермисот и стимулира ултра длабинска регенерација на ниво на клетка.
- Detox Rose Quartz Spa Session – ја осветлува кожата и го изедначува тенот со стимулирање микроциркулацијата на клетките на кожата и нивно подобрено снабдување со кислород и хранливи материи.
- Cell Stimulation System – ги стимулира клетките и ги потикнува природните регенеративни процеси на Вашата кожа.
- Fine Lines Refinement Technology – со огромна прецизност длабински делува на фините линии и брчки, ги измазнува и ги брише трагите од стареење од Вашето лице.
- Deep Derma Skin Renewal & Firming Technology – благодарение на додатокот со нежни микроиглички се овозможува длабинско продирање на активните состојки на козметичките производи, регенерација на кожата и бришење на флеките и лузните од Вашето лице.
За постигнување на најдобри резултати, употребувајте ја Geske Ролерот за лице со микроиглички 9 во 1во комбинација со козметичките производи за чистење од GESKE и персонализираната апликација SmartAppGuided на Geske во која покрај Вашата дневна персонализирана рутина имате и многу едукативни видеа создадени од најдобрите експерти за нега на кожа за полесна употреба на производот.
Спецификации на Geske Ролерот за лице со микроиглички 9 во 1:
- Литиумска батерија Li-Ion 3.7V
- Водоотпорна IPX7
- Материјал ABS Silicone, поликарбонат PC, нерѓосувачки челик, розев кварц.
Критики
Нема критики сеуште.