ПРАВИЛА И УСЛОВИ
Со самиот пристап на www.giftshop.mk и при нарачка на производите, се согласувате дека ги прифаќате условите наведени во овие Политики за користење на системот за електронска трговија. ЕВИТ ШОП ДОО Скопје ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
ПОЛИТИКА И УСЛОВИ ВО ВРСКА СО ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Цените на сите производи на веб страницата www.giftshop.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. www.giftshop.mk го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
ДОСТАВУВАЊЕ НА НАРАЧКИТЕ
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку сопствениот систем на достава на ЕВИТ ШОП ДОО Скопје или преку партнер за достава на адресата која е наведена во порачката под следните услови:
Цената за достава е вклучена во цената на производот. Доставата е бесплатна до сите градови и населни места во државата.
Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект.
РОК НА ИСПОРАКА
Испораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:
на територија на Скопје и околината:
1-3 работни денови
На територија надвор од Скопје
2-3 работни денови
Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.
Доколку курирот кој ја врши испораката не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.
Овие правила на испорака стапуваат на сила од ноември 2023 година. Промените во правилата на испорака ќе бидат јавно објавени на веб странатa www.giftshop.mk
Правото за враќање/рефундирање не може да се оствари доколку производите се оштетени, односно не се во првобитната форма.
Правилото за ослободување од плаќање или рефундирање во случај на задоцнување со доставата не важи доколку условите за достава се ненормални. Под ненормални услови за достава се подразбира:
Екстремно лоши временски услови
Новогодишна вечер, Божик и Велигден
Состојба на елементарна непогода
Друга официјална криза на локално или државно ниво
За проценка на нормалноста на условите одлучува ЕВИТ ШОП ДОО Скопје.
ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ
Во случај кога потрошувачот купил производи со недостаток, ЕВИТ ШОП ДОО Скопје се обврзува да изврши нивна замена за производи со соодветен квалитет или на потрошувачот да му го врати платениот износ, доколку недостатоците се утврдени во рокот до кога производот може да се употребува.
За сите останати производи купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на достава, под услов производот кој се враќа да е во иста форма и содржина во која е испорачан, неотпакуван, неупотребуван и неоштетен, со сите етикети и ознаки кои ги имал при доставата.
Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето, или како ваучер (кредит) за следни купувања доколку купувачот го побара тоа.
Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.
Правото за поврат на производите може да се оствари со испраќање е-маил на [email protected]
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
ЕВИТ ШОП ДОО ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, единствен матичен број, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ЕВИТ не сносува никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.
ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
ЕВИТ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ЕВИТ користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација помеѓу серверот на https://giftshop.mk и посетителот/корисникот е енкриптирана. ЕВИТ во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.
ОПШТО
ЕВИТ ДОО Скопје не одговара за евентуални мали измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалната веб страна. Фотографиите прикажани на веб страницата www.giftshop.mk се од информативен карактер.
Cookie name | Active |
---|